Познат македонски фудбалер во притвор за криумчарење мигранти


Македонски фудбалер е меѓу уапсените во акцијата на МВР за криумчарење мигранти од Сирија, дознава „Македонски спорт“. На фудбалерот му е одреден притвор од 8 дена поради основано сомневање дека е дел од организираната криминална група која се занимавала со криумчарење мигранти и оперирала на територијата на Гевгелија.

migranti apsenje

 

Играчот е приведен заедно со уште едно лице со кое биле во стан во кој наводно организирале преноќиште за четворица мигранити од Сирија. Бидејќи фудбалерот е во притвор деновиве не можел да тренира со својата екипа.

Низ Гевгелија се зборува дека уапсениот само се нашол на порешно место во погрешно време и немал врска со овој случај.

Иако весникот не го открива неговиот идентитет, нагласуваат дека е поранешен репрезентативец на помладите катергории и играл во некои од прволигашките клубови.

Повеќе детали за овој случај може да прочитате во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1