Познат пејач пронајден мртов: Наместо настап на брод, завршил мртов во море!


Пејачот Џони Кемп (55), кој кон крајот на 80-тите години од минатиот век накратко завладеал со топ листите, бил пронајден мртов во море на брегот на Јамајка.

Локалната полиција известила дека овој пејач со потекло од Бахамите, во Јамајка пристигнал за да настапува на еден крстосувач, но начинот на кој починал засега не е утврден.johnny-kemp

Познато е само дека не се качил на бродот.

Според неофицијалните информации, пејачот наводно се удавил во четвртокот, а трупот на водената површина го здогледале случајни минувачи.

Кемп во 1989 година за песната „Just Got Paid“, која своевремено ја препеала и групата „N Sync“, заработил и номинација за Греми, а иако во кариерата немал голем број глобални хитови, тој сè уште се занимавал со музика, и во последните години настапувал на разни музички случувања низ Америка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1