Села: Ќе нема веќе играње со Албанците


Градоначалникот на Струга и претседател на ДПА, Зијадин Села е дециден дека, ако политичката криза трае подолго време, без никакви најави за излез од неа, Албанците ќе се мобилизираат и ќе ја осудат, не само ДУИ, туку и ДПА.
sela500

– Ќе нема веќе играње со Албанците и нивните приоритети. Преговорите во Брисел за мене се неприфатливи, бидејќи таму нема претставник од втората најголема етничка заедница во Македонија. Албанците во Македонија не се само ДУИ, чии што ставови се застапени во Брисел преку владата, а опозицијата не е само СДСМ. Албанците преку политички процес ќе бараат излез од кризата со што би се решиле нивните проблеми и би се отворил пат от на државата кон ЕУ и НАТО, што е нивни главен приоритет – вели Села за „Слободен печат“.

Тој повторно го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја напушти владата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1