Поскапуваат горивата за 1,5 денари по литар


Цената горивата од полноќ се зголемува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажна цена на „еуросуперот“ БС од 95 октани ќе изнесува 69 денари за литар, „еуросупер“БС-98 ќе се продава за 71 денар, „еуродизел“ (Д-Е V) за 54,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 43,5 денари за литар.benzin3

Со одлуката на РКЕ за 1,688 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 27,928 денари за килограм.

Регулаторите посочуваат дека причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е поскапената нафта за 5,3 отсто во изминатите 14 дена и за 0,542 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1