Познат писател и директор на училиште биле кодоши


Комисијата за верификација на фактите денеска утврдила дека познат писател и поранешен член на Советот за радиодифузија, добитник на највисоки книжевни награди, каки и еден директор на училиште во Кичево биле соработници на тајната полиција, објави МИА.

lustracija kodosПисателот бил на линија со службите во поранешниот систем, според комисијата следел свои колеги и други уметници кои ширеле македонски национализам и сепаратизам, а неговиот ангажман завршил кога заминал да работи надвор од државата.

Директорот од Кичево соработувал во периодот на плурализмот, земал и пари за своите услуги, а следел албански националисти.

Предраг Димитровски, портпарол на Комисијата изјави дека првото лице бил член на Советот за радиодифузија од 2006 до 2008 година, поранешен претседател на ДПМ, добитник на високи државни признанија од областа на литературата и културата, а другата личност е поранешен директор на едно од училиштата во Кичевско кој бил ангажиран како оперативна врска и информатор констулант во периодот од 1990 до 1998 година.

Комисијата по втор пат ги лустрираше екс амбасадорот во Полска Петре Наковски и поранешниот секретар на службата за државна безбедност Хетем Адеми. Од комисијата тврдат дека ги отстраниле недоследностите и со дополнителни докази повторно ги лустрирале.

Комисијата не го прифати барањето на членот Чедомир Дамјановски да се разгледуваат досиејата на општинските советници кои два месеци пред крајот на мандатот се уште не се разгледани.

Комисискиот портпарол рече дека не се лустрираат општинските советници затоа што воената разузнавачка служба не испратила одговори по барањето на лустраторите.

Двајцата членови Јанаќе Витановски и Благоја Гешовски предложени од СДСМ денеска официјално ги доставија своите оставки во Собранието. Нивното разрешување треба да го верификуваат две третини од пратенците.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1