Шврговски си оди од Јавен обвинител – доаѓа Зврлевски?


svrgovski

Љупчо Шврговски, кој 6 години беше државен јавен обвинител, нема да се пријави за уште еден шестгодишен мандат на оваа функција, објави Алфа.

Тој решил да замине во адвокати, а додека да отвори адвокатска канцеларија не е исклучено да се врати на работа во стариот ресор.

Тој до 2006 во скопското Јавно обвинителство,   година беше заменик обвинител.

zvrlevskiИако, неофицијално, за државен јавен обвинител има три-четворица претенденти, како најсериозен кандидат се смета Марко Зврлевски, актуелен скопски јавен обвинител. Тој за Алфа потврди дека испратил кандидатура во парлементот.

Крајната одлука чие име ќе се стави на гласање пред пратениците е на министрите во владата. Мандатот на актулениот Шврговски истекува за две седмици. Зврлевски има 23 годишна кариера како обвинител, а предметот со тобако- босот Бајруш Сејдиу му е еден од позначајните.

Извор – Алфа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1