Ќе се градат стилски сендвичари низ Скопје (Фото)


send

Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште во општина Центар по пат на електронско јавно наддавање, на кои би се граделе мали комерцијално-деловни единици – сендвичарници со веќе одредено идејно решение.

 Станува збор за 6 локации во централното градско подрачје на Скопје, кои се со површина од 8 m² на кои најповолните понудувачи објектите ќе треба да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение за истите.

send2 Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество во јавното наддавање е 13-ти февруари.

Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 30.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавните објави може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1