Познат тенисер осуден за силување на 12-годишни девојчиња


Легендарниот австралиски тенисер Боб Хјуит, човекот кој освои 15 Гренд слем тутили во конкуренција на двојки и микс, е прогласен во понеделникот за виновен за силување и сексуално злоставување на малолетни девојки.

Вчера 75-годишниот Хјуит се изјаснил дека не е виновен за обвиненијата кои го товарат за два случаи на силување и едно сексуално вознемирување во текот на осумдесеттите години, но Високиот суд во Јужна Африка, држава во која се преселил во 1967 година, утврдил дека доказите против него се непобитни.teniser bob hjuit

Судијата Берт Бам за злоделата првично му одредил притвор до изрекување на казната.

Хјуит го обвиниле три жени кои ги тренирал во текот на осумдесеттите години, од кои две во моментот на злоставувањето имале само 12 години. Судијата рекол дека поранешниот тенисер манипулирал со девојчињата кои се плашале од него. Хјуит ги негирал сите три обвинувања, додека Бам додал дека исказите на сите три девојки биле многу слични и дека нападите на 75-годишниот Хјуит биле добро испланирани.Former Grand Slam doubles champion Bob Hewitt looks on ahead of court proceedings at the South Gauteng High Court in Johannesburg

– Времето не ги брише злосторствата, а виновниците не смеат да се извлечат без казна – истакнал судијата Бам.

Хјуит во текот на шесеттите и седумдесеттите освоил девет Гренд слем титули во двојки и шест во микс. Со репрезентацијата на Јужна Африка, за која играл во другиот дел од кариерата, освоил и Дејвис Куп, а во 1992 година бил примен во тениската Куќа на славните. Тој статус, меѓутоа, му е одземен 20 години подоцна кога против него е покренато обвинение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1