Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер во 15 часот и 23 минути го стресе главниот македонски град.
Според информациите објавени на официјалната страна на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од еден километар.
Епицентарот на земјотрест е на 1 километар од Сопиште, односно 4 километри од центарот на Скопје.
Претходно, земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 08:03 часот во скопското епицентрално подрачје.
Епицентарот на земјотресот, според Европсккиот-медитерански сеизмолошки центар бил на шест километри источно од Скопје, на длабочина од четири километри.