Позната македонска пејачка го прегазила пешакот на “Рузвелтова“!


Позната фолк пејачка од македонската естрада вчера попладне прегазила пешак на улицата Рузвелтова во Скопје. Пеачката со својот автомобил удрила во старец кој ненадејно и го попречил патот, пренесува Вечер.

pesak-500
Вчера околу 16,10 часот, на улицата “Франклин Рузвелт” поточно во близина на крстосницата со улицата “Роџер Бошковиќ”, А.А. (47) од Скопје со својот автомобил ауди, со скопски регистарски таблички, удрила во скопјанецот Киро Деловски (76) од Скопје.

Деловски од ударот се здобил со тешки телесни повреди поради што со возило на Брза помош бил пренесен на скопските клиники. Каде, и покрај напорите на лекарите, по околу два часа починал.

Полицијата извршила увид, а телото на починатиот скопјанец било дадено за обдукција.

Од полицијата велат од познатата пеачка била земена изјава но дека ќе се сочекаат и резултатите од обдукција по што ќе се има целосната слика за тоа што се случило и кои се причините под кои дошло до несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1