Познатата фолк- пеајачка Гоца, за “Magazin in” открива дека била жртва на семејно насилство. На прашање на водителката, дали некогаш доживеала насилство во партнерските односи, одговорила потврдно.
– Mе тепаше од љубов. Не дозволував мојата мајка да ме примети, но кога тоа би се случило на моите ќерки јас би го убила. , вели Гоца. Таа изјави дека никогаш не го пријавила партнерот за семејно насилство.
Таа не прецизираше кој од нејзините двајца претходни мажи бил насилникот. Таа прво беше во брак со Раде Вучковиќ, а по разводот со него, таа се омажила за Зоран Шијан.