Репрезентативката на Република Хрватска, Мина Мехмедовиќ од Ријека е исчезната веќе еден месец.
Девојката која е член на женскиот фудбалски клуб Џек Пот и репрезентативка на женската фудбалска репрезентација, се води како исчезната од 26 јуни.
Нејзините родители во паника ја бараат секаде, но за жал безуспешно.
Според некои гласини кои кружат девојката е можно да биде со своето момче во Србија, но за него не се знае ништо.