Познатата британска модна гуру призна: Мојот брат е татко на моето дете


Познатата британска модна гуру и лезбијка , Мери Портас (54), неодамна се омажи за својата партнерка, модната новинарка  Мелани Рики (42). Таа неодамна откри дека нејзиниот роден брат и дал сперма со помош на која Мелани забременила, пренесува британски „Мирор“..mary-portas-melanie-rickey-558163

Мери своето прво дете го доби во 2012 година, а Мелани тогаш забременила со вештачко оплодување. Името на донаторот долго време го криела. Во разговор за магазинот „Тајм“, Портас изјавила дека нејзиниот брат Лоренс Њутн бил почестен  кога го замолила да подари спрема за тоа оплодување.

– Лоренс беше првиот кој го виде бебето и сите бевме возбудени. Му се заблагодарив и сега знам дека сосема е логично мојот брат да биде тој кој треба да биде татко на мојот син Хорацио – изјавила Портас.

Мери изјавила дека многу сакала нејзиното дете да има генетска врска со неа и поради тоа ја „позајмила“ спермата од својот роден брат.

Мери и Мелани се венчале во Вестминистер Сити Хол во Лондон на 10 декември, 1 минута по полноќ откако бил усвоен законот кој дозволува истополви бракови во Велика Британија.

Инаку Портер има две деца со нејзиниот поранешен сопруг Греам, синот Мајло и ќерката Верити.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1