Многу познати личности патат од депресија и со години посетуваат психијатар и користат лекарства. По изјвата на Брус Спрингстен медиумите пишуваат кои се познати патат од депресија. Интересно е што на овој список се дури 2 комичари кои го засмејуваат светот.
Ема Томпсон
Британската глумица паднала во депресија додека се лечела од неплодност. Паралелно со ин витро обидите да забремени, Томпсон се повеќе запаѓала во депресија, па на крајот не можела ниту да се избања ниту да се облече.
Хјуџ Лори
И покрај тоа што глумеше во серијата Доктор Хаус, овој проект за Лори бил причината за неговото паѓање во депресија.
Одвоеноста од родителите кои се наоѓале во Англија, и неговата ангажираност околу снимањето, толку емоционално го исцрпиле што на крајот морал да побара психијатриска помош.
Џим Кери
Американскиот комичар пати од кронична депресија, за која и сам отворено проговори. Со години одел на психијатар, но сега го одбива класичното лечење и проблемот се обидува да го реши со духовни методи.
Овен Вилсон
Никогаш не сакал отворено да збори за болеста од која боледува, но истата во 2007 година го донесе до работ да се обиде да се самоубие. Голтнал таблети за спиење, а откако во болницата му го испумпале желудникот, сите ги замолил да го остават на мира додека не се опорави.