Дали сте знаеле дека некој од најпознатите и најбогатите личности во светот како деца биле посвоени, а некој од нив никогаш не ги запознале своите биолошки родители?
Тешкото детство за овие ѕвезди било мотив тие да успеат во животот. Еве за кого се работи.
1. Мерлин Монро
Откако нејзината мајка останала вдовица, Мерлин Монро била напуштена. Целото нејзино детство го поминала низ домови за деца без родители.
2. Бил Клитон
Клинтон исто така е дете од мајка вдовица, која го оставила да живее со неговите баба и дедо.
Тој е вториот претседател во историјата на САД кој бил посвоен. Првиот е Gerald Ford.
3. Џон Ленон
Таткото на славниот музичар исчезнал за време на акција додека служел во морнарица. Неговата мајка не била во состојба да се грижи за него, па Џон бил посвоен од страна на неговата тетка.
4. Нелсон Мандела
По смртта на неговиот татко, Нелсон на 9-години го посвоил Јонгинтаб Далинџев, кој бил активен регент на племето Темба во Јужна Африка.
5. Реј Лиота
Актерот бил посвоен кога имал само 6 месеци. Но, кога наполнил 40-години, Лиота ангажирал приватен детектив кој успеал да ја пронајде неговата биолошка мајка, додека тој сеуште не го познава неговиот татко.
6. Ричард Бартон
Кога имал 17-години, директорот на неговото училиште Филип Бартон, сакал да го посвои Ричард Џенкис.
Но, при посвојувањето имало проблеми со документите, па тоа официјално никогаш не се случило. Сепак Ричард живеел со Филип и решил да го промени своето презиме во Бартон.
7. Стив Џобс
Биолошкиот татко на Стив Џобс бил Абдуфатах Јандали од Сирија. Неговата мајка е Џоан Шибле, чии родители не ја оправдувале љубовта со Јандали и не сакале Стив па морала да го даде на посвојување.
Основачот на „Apple“ по раѓањето бил посвоен од Пол и Клара Џобс.
8. Едвар Алан По
По е роден 1809 година, но неговата мајка умрела кога тој имал 1 година, а татко му го напуштил семејството.
Малиот Едгар живеел со неговата дадилка во Вирџинија.
9. Мајкл Беј
Режисерот на „Трансформери“ бил посвоен како дете, но поголемиот дел од животот се обидувал да ја пронајде неговата мајка.
Иако тој не знае кој му е татко тој често се шегува дека тоа би можел да е Стивен Спилберг или Џери Брукхејмер кој ја делат неговата „креативна крв“.
10. Франсис МекДорманд
Ѕвездата на култниот филм „Фарго“ е родена во Чикаго, но пораснала во Питсбург, откако била посвоена од канадски свештеник и медецинска сестра.