Смртта на Натали Вуд. Црната Далија. Бермудскиот триаголник. Дали Тони Сопрано умре на крајот на „The Sopranos?“ – необјаснети исчезнувања за луѓе кои сите легално биле прогласени за мртви иако нивното тело никогаш не било пронајдено, а и ден денес не се знае каде е.
Хенри Хадсон
Исчезнат од: 1611 година
Хенри Хадсон, односно познатиот британски навигатор по кој се именувани река, залив, град, мост итн.) бил прилично доста лош и пребирлив газда.
Неговиот екипаж – носталгичен, замрзнат и неволен да продолжи да истражува после неколкумесечното патување и заробеност во мраз, заедно со него, неговиот син и уште седум морнари лојални на Хадсон запловиле на мало бротче во средината на денешниот залив Хадсон.
Патување од кое дел од нив никогаш не се вратиле.
Не се знае многу за понатамошните детали, меѓутоа дел од екипажот бил уапсен и обвинет за убиство на капетанот.
Во книгата „Fatal Journey: The final expedition of Henry Hudson“, професорот по историја Питер Манкал ги потенцира доказите кои укажуваат на тоа дека Хадсон бил ставен на мало бротче со уште неколку луѓе и оставен да умре.
Амелија Ерхарт
Исчезната од: 1937 година
Авторка, наставничка, уредник на списание, славна модна дизајнерка, портпарол за цигари. Во нејзините кратки 39 години Амелија Ерхарт успеала да создаде импресивна биографија, меѓутоа токму нејзиното мистериозно исчезнување е oна што ги интригира луѓето.
Иако постојат голем број теории, никој не може со сигурност да тврди што навистина се случило кога Ерхарт и навигаторот Фред Нунан исчезнале над Тихиот Океан на 2 јули 1937 година, додека патувале кон Островот Хоуланд – исчезнување кое резултирало со најинтензивна и најскапа претрага во американската историја. Амелија била прогласена за мртва во 1939 година иако до ден денес никој нема никаков доказ за тоа. Неодамна, истражувачите испратија експедиција вредна 2.2 милиони долари за да докажат дека Ерхарт се урнала на малиот остров Никумаоро.
Во неговата книга „Amelia Earhart lives“, авторот Џо Клас пишува за тоа дека Ерхарт е сè уште жива и дека таа го извршила летот, меѓутоа уморна од сета слава и богатство, одлучила да се пресели во Њу Џерси кадешто го сменила името во Ирене Крегмил Болам. Но, вистинската Ирене и не била баш многу среќна со оваа теорија, па авторот се соочил со тужба од 1.5 милиони долари.
Харолд Холт
Исчезнат од: 1967 година
Не е секојдневна случка премиерот да исчезне во морето. Како и да е, ова се случило на 17 декември 1967 година, кога 17-от премиер на Австралија, Харолд Холт одлучил да оди на пливање на плажата близу Портси, Викторија, меѓутоа тој никогаш не се вратил дома.
Следела потрага која траела два дена. После 2 години, 59 годишниот Холт, кој бил добар и вешт пливач бил прогласен за мртов. Неговото тело не било никогаш пронајдено. Во 2005 година судски вештак проценил дека причина за смртта била случајно давење или бил изеден од ајкула на ризична локација позната по струењето на морето.
Не долго после неговото исчезнување се појавиле голем број гласини за тоа како тој бил киднапиран од НЛО или дека ја наместил сопствената смрт за да може да живее со својата љубовница Нериџорџ Гилеспи, меѓутоа најсмешната теорија била опишана во контроверзната книга на Ентони Греј „The prime minister was a spy“ во која тој пишува дека министерот бил комунистички и долгогодишен таен агент на Народна Република Кина.
Џими Хофа
Исчезнат од: 1975 година
Досега, се знае дека Џими Хофа бил киднапиран од мафијата откако исчезнал од паркингот на ресторан во предградието Детроит на 30 јули, 1975 година.
Меѓутоа со децении, дури и откако овој корумпиран лидер на синдикалците бил прогласен за мртов, останува прашањето: што по ѓаволите направиле со неговото тело?
По исчезнувањето на Хофа следеле голем број лаги, гласини и теории за тоа каде се наоѓа неговото тело.
Некои луѓе велат дека бил закопан под одделот 107 на стадиумот во Њу Џерси, други велат дека бил сокриен во ѕидовите на Центарот на ренесансата во Детроит.
Меѓутоа неодамна, Тони Зерили, познат мафијаш од Детроит кој бил во затвор за време на исчезнувањето на Хофа изјавил дека неговото тело се наоѓа во плиток гроб на земјиште во Оукланд, Мичиген, на околу 32 километри северно од ресотранот во кој последно бил виден.
Д.Б. Купер
Исчезнат од: 1971 година
Познатиот Д.Б. Купер на 24 ноември 1971 година ограбил авион и скокнал од авионот со падобран додека летал над Тихиот Океан. Од тогаш никој повеќе не го видел.
До ден денес, идентитетот на Д.Б. Купер и понатаму останува мистерија и никој не знае дали овој човек го преживеал скокот со падобран.
Стотици осомничени биле пронајдени, меѓутоа сè уште не се знае точно кој бил Купер и каде живеел.
Биле направени голем број книги, филмови и ТВ шоуа инспирирани од легендата на Д.Б.Купер.
Кој: Азарија Чамберлен
Исчезната од: 1980 година
Исчезнувањето на Азарија Чемберлен во 1980 година останува еден од најпознатите случаи за убиство во Австралиската историја.
До 2012 година, после 32 годишно судење и неколку драматични претраги на форензичарите, родителите на Азарија конечно беа прогласени за невини кога форензичарката Елизабет Морис по деталното истражување на најновите докази и околности, потврди дека родителите на девојчето не се виновни за нејзината смрт и дека мајката не лажела дека „динго ѝ го изел детето“.
После исчезнувањето на Азарија, нејзината мајка Линди Чемберлин била осудена за нејзиното убиство на доживотен затвор.
После три години таа била ослободена откако било пронајдено парче облека од Азарија, сосема случајно, во јама на динго близу камповите.
Две години подоцна беа отфрлени сите обвиненија против Линди и нејзиниот сопруг.
Во 1988 година бил снимен и филм за овој случај во кој Мерил Стрип ја изговара познатата фраза: „The dingo took my baby!“