Холивудскиот актер Том Круз веќе година дена не ја видел својата 8-годишна ќеркаичка Сури, објави американскиот портал „ТМЗ“.
Порталот пренесува дека постојат сомнежи дека актерот ја избегнува својата родена ќерка поради скиентолошката црква во која тој членува.
Актерот признал дека својата ќерка не ја видел со месеци, бидејќи го снимал петиот дел од филмот „Невозможна мисија“ во Лондон.
Но „ТМЗ“ повикувајќи се на свои извори пишува дека и две недели по завршувањето на снимањето, Том криз не ја побарал Сури.
Извори блиски до Кејти Холмс тврдат дека ситуацијата е уште полоша.
– Том не го видел 8 годишното девојче речиси една година, повеќе не е дел од нејзиниот живот, а постојат и шпекулации дека тоа се должи на ставот на Скиентолошката црква дека Сури и Кејти Холмс се непожелни, велат изворите за ТМЗ.