Судот во Истанбул го ослободи познатиот новинар Сонер Јалчин, кој во затвор се наоѓаше приближно две години, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Сонер Јалчин е сопственик на опозициски информативен сајт и денеска е пуштен од затвор.
Тој е меѓу 13 судени лица во процесот за создавање медиумска мрежа, која според обвинителите, планирала да ја собори происламската влада на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Обвинетите ги отфрлаат обвиненијата.
Американските медиуми забележуваат дека процесот ги разбуди стравувањата за слободата на медиумите во Турција.
Многу новинари во Турција се наоѓаат во затвор под обвиненија за тероризам. Тоа ја натера меѓународната новинарска асоцијација „Репортери без граници“ во текот на овој месец Турција да ја окарактеризира како „најголемиот затвор за новинарите во светот