Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог-одлука за распуштање на Собранието


ВМРО-ДПМНЕ во текот на денот ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието. Ова го најави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бара да се формира преодна влада и да се организираат предвремени избори заедно со вториот круг на претседателските избори во мај годинава.

„Бараме Зоран Заев да поднесе оставка и да си замине оваа Влада на СДСМ бидејќи направи доволни штети за две години. Како никогаш досега Македонија не била понижена и разочарана, а граѓаните осиромашени, со постојана желба за иселување. ВМРО-ДПМНЕ мора да стави крај на ова назадување. Заев и СДСМ мора да си одат, заедно со нелигитимните пратеници. ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да ги корегира последиците од сите штетни политики. Затоа бараме предвремени избори заедно со претседателски”, додаде тој.

Мицевски вели дека оваа иницијатива ја поднесуваат бидејќи СДСМ одолговлекуваат и бегаат од избори. ,,ВМРО-ДПМНЕ даде предлог уште пред 15 дена, но гледаме дека се одолговлекува”, вели тој. Според него, изборите можат да се организираат на 5 мај доколку има политичка волја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1