Во одредени медиуми се појави вест дека пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска гласала денеска на референдумот. Овие информации таа ги демантира во изјава за Курир.
„На одредени портали прочитав дека сум гласала на референдумот, тие информации не се точни. Ги демантирам овие информации кои беа објавени во одредени медиуми“, изјави за Курир пратеничката Пешевска.