Приведено момчето кое вознемирувало граѓани и нападнало полицајци


Досега МВР регистрираше 4 инциденти , и во истовреме апелираше на воздржљаност од нарушување на јавниот ред и мир. Најсериозниот инцидент се случи пред основното училиште Лазо Ангеловски во Ново Лисиче, каде момче вознемирувало гласачи.

Релативно мирен референдумски ден, полицијата засега регистрираше четири инциденти на гласачките места низ државата.

22 годишно момче беше приведено откако во скопската населба Ново Лисиче ги навредувало граѓаните кои излегле да гласаат во основното училиште Лазо Ангеловски, а потоа физички ги нападнал полициските службеници кои пристапиле да интервенираат, по што дваесет и две годишниот к.ж. Бил приведен во полициската станица во Аеродром.

Пријава, дека 64 годишна жена го навредувала во врска со референумот поднел 80 годишен маж од Зубовце – гостиварско. Жената била повикана во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Во последните два инциденти во Штип и Струга, пријавените ги фотографирале и навредувале лицата кои се наоѓале на гласачките места.

Од МВР ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат законоите и да се воздржуваат од било какво нарушување на јавниот ред и мир, во спротивно велат ќе следуваат санкции.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1