Денеска претседателот на собранието Талат Џафери го доставил известувањето од судот за пресудата на пратеникот Груевски до претседателот на комисијата за мандатно имунитетни прашања, која треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според Собранискиот деловник за одземање на пратеничкиот мандат.
Доколку му биде одземен мандатот, на негово место во собранието, седнува наредниот на листата пратеници од коалицијата „За Македонија заедно“, кои беа кандидирани во оваа изборна единица.