Пратениците се боцнаа против Ковид, дел се налутија оти не добиле „Фајзер“


120 пратеници и собранискиот спикер добија термин за вакцинација во А1 Арената Борис Трајковски. Тие се последни во т.н. критична инфраструктура што ја прими првата доза од руската вакцина Спутник, јавува Телевизија АЛФА.

Иако првично добиле најава дека имунизацијата ќе се врши со вакцината фајзер, под притисок на јавноста здравствените власти одлучиле пратениците да не бидат привилегирани и да ја примат вакцината од московскиот институт „Гамалеја“. Дел од нив беа бесни на Филипче зошто ги ставил пред свршен чин без да им најави оти ќе има промена на планот за вакцинација, jавува Алфа тв.

„Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација“, вели пратеникот Павле Трајанов.

Претседателот на Собранието, Џафери, вели оти сите пратеници добиле термин за вакцинација, но секој од нив доброволно ќе одлучи дали ќе ја прими вакцината. Џафери очекува Парламентот да се врати во полн состав до крајот на мај.

26.000 дози од вакцината на Фајзер во Македонија ќе стигнат во месец мај, најави министерот за здравство Венко Филипче или по околу 5.000 до 7.000 секој понеделник. Дополнително, следната недела се очекуваат и 200.000 дози од кинеската Синофарм, со што и официјално ќе сртартува долгонајавуваната масовна имунизација.

За 28 април е најавено доаѓањето на 200 илјади кинески вакцини. Пристигнувањето ќе се поклопи со Велигденските празници и таа вакцина ќе се дава од 4 мај, вторникот после празниците. До тогаш ќе бидат спремни сите спортски сали во шесте предвидени градови. Во Охрид е веќе спремна, а до вторник ќе бидат спремни и салите во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово “, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Алфа ТВ

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1