Пратениците од опозицијата кои излегоа на слобода гласаа „За“


Во Собранието вечерва имаше и поединечно гласање.

„За“ гласале пратениците од власта, но и дел од опозицијата.

„За“ гласале Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Лилјана Поповска, Елизабета Канческа Милевска, и други.

Со 80 гласа „За“ власта обезбеди двотретинско мнозинство. Со промените на Уставот ќе се отвори пат за спроведување на Договорот од Преспа, и за отворање на патот кон ЕУ и НАТО за Македонија. Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ побара да се гласа поединечно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1