Пративте смс на погрешно место? Сега има начин како да ја спречите!


Веројатно не постои некој кој барем еднаш не испратил порака на погрешен број и зажалил, посебно ако пораката била со содржина која никако не би смеела да ја види личноста на која по грешка сте и ја испратиле.SMS

За среќа сепак постои една таква апликација која се вика Privates. Оваа нова апликација е дизајнирана да ги чува вашите пораки и да ги држи хакерите подалеку со помош на разни делотворни методи.

Апликацијата може бесплатно да се симне од Апс Стор, а користи голем број начини за да обезбеди сигурна комуникација, а меѓу другото и заштита од скриншот, самоуништувачки пораки, па дури и можност за повлекување на пораката.

Да, дури можете да ги отстраните и оние пораки што сте ги пратиле кога сте биле пијани, а подоцна сте зажалиле.

Без разлика дали праќате текстуална порака, видео или број на телефон, Privates овозможува комуникација во тотална сигурност. Дури ги чува вашите пораки и откако биле прочитани.

Моментално оваа апликација е достапна само за iOS уредите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1