Пред 24 години и донесе титула на Германија, сега чисти тоалети да преживее


Андреас Бреме на Светското првенство во 1990-та година и донесе титула на Германија откако со неговиот гол од пенал во 85-та минута славеа против Аргентина.

Славниот германски фудбалер Андреас Бреме се наоѓа во тешки финансиски проблеми, а за да го отплати долгот од 250.000 евра мора да чисти тоалети.breme2-500

Германските медиуми пренесуваат дека Бреме се наоѓа во најлошиот период од својот живот. Тој е без постојана работа веќе осум години, а во моментов е „шворц“ и има долгови во висина од 250.000 евра. Поранешниот фудбалер би можел да ја загуби и куќата доколку не го отплати долгот кој во наредниот период би можел да порасне на 400.000 евра.

Франц Бекенбауер покрена иницијатива да му се помогне на Бреме, кој во моментов работи во компанија која се занимава со чистење и одржување на тоалети.breme-500

Бреме (53) во својата кариера има играно за Бармек, Сарбрикен, Кајзерслаутерн, Баерн, Интер и Сарагоса. Тој за националниот тим на Германија има одиграно 86 натпревари и постигнал осум голови.

Беше тренер на Кајзерслаутерн, Унтерахинг и Штутгарт, а без работа е од 2006-та година. На Германија и ја донесе титулата Светски првак откако беше прецизен од единаесет метри во 85-тата минута.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1