Пред 3 години Русија предложи Асад да биде соборен – западот одби


Пред 3 години, Русија предложи сирискиот претседател Башар Асад да биде соборен од власт преку мировен договор, но западните земји го отфрлија овој предлог, бидејќи сметаа дека тој многу брзо ќе падне од власт.asad so zenata

Ова го изјави поранешниот фински претседател и меѓународен посредник Марти Ахтисари

Британскиот весник “Гардијан” објави дека тој разговарал со постојаните претставници на петте земји членки на Советот за безбедност на ОН.

Тогаш рускиот амбасадор Виталиј Чуркин предложил план од 3 точки  за соборувањето на власт од Асад и започнувањето на мировни преговори меѓу власта и опозицијата во Сирија. “Ја  испуштивме  можноста во 2012 година”, вели Ахтисари и додава дека САД, Велика Британија и Франција биле убедени дека Асад многу брзо ќе падне од власт и од таа причина се игнорирал руското предлог.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1