Пред избори скоцкани од глава допети – за избори пред народот демек скромни


Социолозите на шега велат дека политичарите негуваат “народски” изглед, бидејќи мислат дека “фенси” костумите ги бркаат гласачите. “Политичарите знаат дека повеќе од половина на нашата популација живее во рурални подрачја и затоа се трудат со својот стил да не бодат очи”, велат експертите за Вечер.

Чевли со циркони, штикли, змиски принтови, здолништа, панталони и впечатливи детали… Неколку дена пред изборниот молк за парламентарните и претседателски избори, Вечер го проследи стајлингот на политичарите во кампањата.

12D366C14740554BAEAC75EDAED46ECAЗаменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска која е позната љубителка и колекционерка на дизајнерска облека оваа кампања во која најавуваат “Враќање на средната класа” и во овие неколку недели не се воздржа од омилените чанти и чевли со потпис. Нејзината сопартијка Рената Дескоска, која е носител на листа во првата изборна единица, на митинзите се појавуваше во класична, честопати црно-бела Шанел комбинација.

Општа констатација е дека заедно со Шеќеринска, модна икона во политичките кругови е министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Таа секогаш внимава на гардеробата, но и на деталите – на марамите и уникатниот накит кој умее одлично да го носи. Министерката и во оваа кампања, покажа како нејзиниот препознатлив елегантен стил може да се носи и во малку поспортска варијанта.

Првата полицајка Гордана Јанкулоска неретко избира класика, и покрај тоа што на средбите со граѓаните се одлучува за полежерен стил.

Македонските политичари сакаат да покажат дека живеат исто како и останатите граѓани. Научија дека оделото не го чини човекот, но може да му помогне да испрати некаква порака до своите гласачи. Некои од нив лажно се обидуваат да се претстават како обични луѓе и да испратат порака “и јас сум еден од нив”. Сепак многумина се облечени по последна мода.

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1