Пред малолетните дечиња ја убил жената и нејзината мајка, па се самоубил


Трикратно убиство ја вознемири Тирана и целата албанска јавност. Во тиранската населба Лапрак сопругот си ја убил сопругата, нејзината мајка па сам си пресудил.

Трагичниот настан се случил денеска наутро, кога Емилијано Рустеми(35) најпрво смртно ја застрелал сопругата Изаура Рустеми(28) потоа нејзината мајка,Енѓелуше Шаќири(58), па сам си прсудил.tirana ubistvo

Сето тоа се случувало пред очите на трите малолетни деца.Брачните другари Рустеми биле по постапка на развод, поради големото малтреторање од страна на убиецот.

Тој во Грција бил осуден на година и пол затворска казна поради кражба и деновиве се вратил во Албанија. Според соседите и родинините жените биле почитувани и ценети во нивната средина, додека за убиецот велат дека кога сопругата и децата ги земал во Грција ги принудувал да питачат по улица а по враќањето во Албанија на сопругата и ја скршил ногата со железна шипка. Убиствата ги извршил со калашњиков.

Ова е втор ваков трагичен настана во последните два дена. Претходно во село кај Скадар сопругот ја уби сопругата па се саоуби пред очите на трите малолетни деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1