Пред три години бојадисуваше улици, а сега заработува 4,5 милиони евра годишно


20 годишниот Габриел Жесус денес е еден од најдобрите млади напаѓачи на светот, играч кој дава голови за еден од најбогатите клубови на светот, Манчестер Сити и фудбалер кој многу тренери на светот би сакале да го видат во својот тим. Но сеќавањата на скромните почетоци на младиот Бразилец, се и тоа како свежи.

Фотографиите на кои како 17 годишник, босоног стои на камените улици на Сао Паоло со четка во раце и испрљан од боја ги украсува улиците на својот град пред почетокот на Светското првенство во 2014 година, ги објави тој на својот Инстаграм профил. Тие денови беше само еден во низата стотина илјади млади Бразилци кои сонуваа да го облечат светиот дрес на Селесао.

Но веројатно ниту во најлудите сонови не би можел да помисли дека само три години подоцна ќе биде еден од најдобро платените млади фудбалери на светот, еден од репрезентативците на Бразил, еден од играчите кои ќе бидат пример на милион деца во татковината. Во 2014, СП го гледаше на телевизија, играше за подмладокот на Палмеираш и заработуваше околу 4.000 евра годишно.

Брзо после тоа благодарејќи на големиот талент е преместен во сениорскиот тим, а на скаут службата на Манчестер Сити за Јужна Америка, таков дијамант не можеше да им побегне. Му го покажале на Пеп Гвардиола и од тој момент животот на Габриел се менува од корен. Во трансфер вреден 32 милиони евра доаѓа во синиот дел од Манчестер и потпишува договор на пет години.

Платата? 86.000 евра неделно, околу 4,5 милиони евра годишно. Повеќе од 1000 пати поголема плата за разлика од таа пред три години. И што е најдобро, тој вели дека мајка му и понатаму ги контролира неговите финансии и му дава џепарац секој месец. Скромен, талентиран и играч кој во годините кои доаѓаат би можел да направи фантастична кариера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1