Предизборно насилство: Закани за кандидати за градоначалници, нападнати симпатизери


Вчера околу 19,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека истиот ден околу 19,00 часот во ПС-Центар дошол Б.Б. (36) од с.Љубин-скопско, (кандидат за градоначалник на општина Сарај од политичката партија“Беса“) и пријавил дека во текот на денот добил СМС порака на неговиот телефон со заканувачка содржина. Бидејќи Б.Б. требало да одржи ненајавен митинг во с.Сарај на м.в. „Дервен“ со почеток во 20,00 часот, и му се брзало рекол дека се откажува од пријавата. Во 19,50 часот Б.Б. се јавил на телефонската линија 192 и го пријавил настанот (митингот), барајќи да биде обезбедуван од страна на полициски службеници. Митингот бил одржан и завршен без проблеми.

Б.Б телефонски му е укажано да дојде во Полициското одделение Сарај и да го пријави настанот околу телефонската закана.

Вчера од 20,30 до 22,15 часот во Скопје на плоштадот „Јадран Сквер“, во организација на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ“, се одржал јавен собир. За време на одржување на собирот, во 21,55 часот во ПС-Центар бил приведен Р.Р.(36) од Скопје бидејќи истиот прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време кога говорел претседателот на политичката партија “ВМРО ДПМНЕ“. Во 22,15 часот во ПС-Центар, Д.Г.(29) од

с.Орешани-скопско кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице (испрскан од спреј- солзавец) од страна на Р.Р. Против Р.Р ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје, наедно издаден му е и платен налог во висина од 500 евра.

ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.С.(39) и Т.А.(45), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“, а против 17 годишен малолетник од Крива Паланка е поднесено известување до ОЈО Куманово, за сторено кривично дело “насилство“. На 30 минатиот месец околу 15,30 часот во Крива Паланка на ул.„Единство“, В.С. кој бил во придружба со малолетникот и со Т.А. му пришол на О.С.(24) од Крива Паланка, кој се движел по улицата со возило “Опел Зафира“ сопственост на М.М. од с. Градец-Крива Паланка, (возилото било целосно брендирано со обележја на политичка партија и на кандидат за градоначалник на Крива Паланка). Притоа му рекол на О.С. да го изгаси разгласот од возилото со кој се најавувал митинг на политичката партија. По ова 17 годишникот започнал да го удира О.С. со тупаници преку прозорецот, а откако ја отвориле вратата од возилото, Т.А. го фатил оштетениот за вратот и заедно со други лица започнале да го удираат него и неговото возило со што му нанеле телесни повреди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1