Според кинескиот календар, почнува Годината на овцата, која според прогнозите на астролозите и Фенг Шуи учителите, ќе одбележи нестабилна економија и голем број на сообраќајни несреќи.
Ако сте суеверни, тогаш прогнозите за кинеската нова нодина која е во знакот на Овен не се воопшто позитивни.
Годинава, многу суеврени Кинези ќе избегнуваат да добијат дете, затоа што се верува дека луѓето кои се родени во знакот на Овен се следбеници а не лидери.
-Годината на овцата, која настапува на секои 12 години, ќе биде година на природни катастрофи, како торнада во САД и тајфуни во југоисточна Азија. За Кина, каде што нема торнада, тоа ќе значи загадување на воздухот, “кој ќе донесе до валкани воздушни струи кои ќе влијаат на сечиј живот”, предупредува астрологот од Шангај Донг Џиалинг.
Тој предвидува дека во периодот околу јуни, економијата на Западот многу ќе варира, но дека во август или септември ќе почне период на економска стабилност.
Сепак, Чан истакнува дека позитивната страна на оваа година е тоа што ќе се зголеми бројот на жени кои ќе бидат светски лидери и директори на компании, кои ќе остварат значајни успеси.