На 28.06.2014 година околу 01,00 часот во с. Жубрино, кичевско при обид униформирани полициски службеници да сопрат ПМВ за контрола, возачот на истото ја зголемил брзината и удрил во еден полициски службеник по што го напуштил местото на настанот.
На повреденото лице му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди, истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје.
По преземени мерки приведено е едно малолетно лице за кое постојат сомненија дека е можен сторител на делото, се работи на целосно расчистување на случајот.