Триесет и двегодишната Марија Н. починала вчера откако била прегазена од возило со странски таблички на автопатот Куманово-Табановце.
Засега непознатиот возач со странски таблички удрил во Марија од Куманово и по незгодата го напуштил лице местото.
Од здобиените повреди Марија починала на самото место.
Возилото е идентификувано и истото сеуште се наоѓа на територија на Македонија. СВР Куманово работи на пронаоѓање на возачот и возилото. Телото нa починатата е дадено на обдукција.