Нови тензии во Франција. Полицајка е прегазена пред резиденцијата на претседателот Франсоа Оланд.
Инцидентот се случил доцна синоќа додека таа ја обезбедувала елисејската палата.
Во автомобилот имало четворица мажи, од кои двајца се уапсени, а се трага по останатите. Повредената жена е во болница.
Француската полиција засега не го поврзува нападот со минатонеделните напади, во кои беа убиени 17 луѓе.
Два слични инциденти со прегазување со автомобил се случија во Франција за време на католичкиот Божик.
Надлежните ја демантираа првичната информација дека полицајката била застрелана.