Ги врати одликувањата од НАТО: Се срамам што им служев на злосторници


Чешкиот поранешен воен лекар Марек Обртел, кој служел во мисиите во Авганистан, Косово и Босна и Херцеговина, во отворено писмо, од чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки побара повлекување на воените одликувања, сметајќи ја НАТО за „криминална организација” со ,„чудни интереси”

На ова реагираше Министерството за одбрана, објаснувајќи дека медаљите не може да се повлечат, туку одликуваниот треба, ако сака, самиот да се откаже од нив.

marek_obrtel

– Ги враќам воените одликувања, бидејќи длабоко сум засрамен дека служев на криминална организација како што е НАТО, предводена од САД и нејзините перверзни интереси во целиот свет, пишува Обртел во писмо кое го објави чешкиот портал ,,Парламентни листи”.

Еве што тој вели како работи НАТО

Прво одвнатре се растура се со медиумска кампања, обоени револуции, чепкање во најосетливите точки, етнички поделби или верски разлики – се дестабилизира државата. Потоа доаѓа НАТО пратен со хуманитарни организации и набљудувачки мисии како наводни заштитници на човековите права. Брзо по нив доаѓаат бизнисмени и почнуваат демек да ја обновуваат земјата – односно да си ги реализираат своите интереси, вели Обртел.

Најеклатантен пример според него се Украина и Косово. Во Косово се изврши класичен геноцид над српскиот народ, вели тој

,, Геноцидот над србите го предизвика запад… Бев сведок и на тоа како нарко мафијаши станаа угледни преставници на таканаречената држава Косово, и како масовни убијци станаа јунаци, навел Обртел

Според воениот ветеран, со неговата реакција сака да изрази несогласување со американската политика кон Русија и земјите на Европската унија како и да предупреди на нејзините последици.

– Исто така, сакам да демонстрирам несогласување со чекорите на чешката Влада и другите надлежни органи по прашањата за пристап кон дезинформациските кампањи и намерните информациски ембарга за клучните настани во однос на актуелната геополитичка и воена ситуација во светот, при што ги обвинувам сите одговорни субјекти за целосна неактивност по прашања за спречување на глобални конфликти меѓу САД и Русија на територија на Европа, пишува потполковникот Обртел.

Тој, додава дека се откажува од четири медаљи, кои има намера да ги испрати до регионалниот воен штаб, како што му беше препорачано од Министерството за одбрана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1