Прегазено девојче на пешачки во центарот на Скопје


Прегазено е девојче на пешачки премин во центарот на Скопје. Според првичните информации таа има фрактруа на ногата и со возило на Итната помош е префрлена во Ургентниот центар

Незгодата се случила околу 12.45 часот на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на пешачкиот прем веднаш до Клубот на пратеници, пишува Вечер.

ФОТО: Вечер

ФОТО: Вечер

Според изјавите на сведоците, девојчето кое најверојатно е средношколец од средното уметничко училиште, било со неколку другари и во моментот кога ја минувал улицата на нив налетал “форд фокус“ со скопски таблички. Тој не возел многу брзо, но сепак не закочил и удрил во неа.

Таа паднала крај улицата а на помош и притекнале случајни минувачи и работници од градилиштето кое се наоѓа во непосредна близина.

Набрзо на местото пристигнаи возило на Итната помош а лекарскиот тим ја стабилизираше состојбата на повредената. Од она што можеше да се види е дека таа има фрактура на ногата нодополнителните ипитувања во Ургентниот центар треба да утврдат дали тоа е единствената повреда, пренесува Вечер.

Полициски екипи го регулираа сообраќајот на крстосницата, а повеќе детали околу незгодата се најавени за попладнево.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1