Таксист со автомобил “опел”, со скопски регистарски таблички, удрил девојче на булеварот Теодосиј Гологанов, пред студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу” во Скопје.
Несреќата се случила кога опелот, од засега непознати причини, удрил во девојчето, кое од ударот се здобило со повреди, по што со возило на Брза помош било пренесено за укажување на лекарска помош во Ургентниот центар.Повредената е веднаш пренесена во Ургентниот центар, но засега нема информации за нејзиниот идентитет, ниту за здравствената состојба.
Очевидците велат дека девојчето било на возраст околу 17-18 години. Според роднина на таксистот, девојчето излегло пред такси-возилото на место каде што немало пешачки премин. Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало дека тој нема присуство на алкохол во крвта.
Фото – Курир