Прегазил девојче пред 40 год и избегал – се издал на Фејсбук (Видео/Фото)


Даглас Парк (62) од Освег во Њујорк бил идентификуван како возач кој пред 45 години побегнал од местото на несреќа кога го прегазил четири годишното девојче Керол Сејди Ешби.

Keroli-Sejdi-Esbi

Сејди заедно со сестрата и уште една роднина преминувала улица во Фултон на Ноќта на вештерките во 1968 година, враќајќи се од продавница каде купувале свеќи за 15-тиот роденден на нејзината сестра, кога на неа налетал автомобил, и побегнал.

Благодарение на постовите на пензионираниот детектив на Фејсбук, откриен е човекот кој при испитувањето во полицијата излажал дека го сторил делото, а потоа четири години се криел од правдата. Како и да е, тој не може да биде обвинет, затоа што делото веќе е застарено.

Полицијата во времето кога несреќата се случила го испитувала затоа што мислела дека тој учествувал во друга несреќа истата ноќ. Тој тоа го потврдил, но рекол дека тоа се случило во близина и дека удрил во бетонски столбови.

Случајот повторно бил активиран која тој, ги поставил деталите за несреќата на Фејсбук страницата на историјата на градот Фултон.

-Испив неколку пива и нешто прегазив- гласи постот.

devojceПоранешната жителка на Фултон, која денес живее во Флорида, го видела постот и се јавила во полиција со новите информации. Полицијата по нејзината пријава разговарала со Парк по што тој го признал делото. Тој на полицијата и рекол дека испил неколку пива, се возел со братот кој спиел на задното седиште и во еден момент нешто прегазил. Помислил дека било животно. Тој и признал на полицијата дека пред 45 години лажел кога во тоа време бил испитуван.

Автомобилот со кој тој го прегазил девојчето, го ставил во дворот на неговата сестра, каде и денес се уште стои, целосно скапан и рѓосан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1