Преименувани повеќе улици, „Водњанска“ стана „Мајка Тереза“


Градот Скопје согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена на 66-тата седница, одржана на 24 јуни 2012 година, ја донесе одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје.

500stolbcinja-VodnjanskaСо оваа одлука беа сменети имињата на неколку улици, мостови и паркови на територијата на Градот Скопје.

Со оваа одлука, улицата “Васил Чакаларов”која поминува покрај ОУ “Васил Главинов” се преименува во улица “Роналд Реган”, додека улица “Адолф Циборовски” која ги поврзува населбите Тафталиџе 2, Влае и Хром (гранична улица помеѓу општините Карпош и Ѓорче Петров), поточно која ги поврзува булеварите “Метрополит Теодосиј Гологанов” (од Студентскиот дом “Гоце Делчев”) и “Ѓорче Петров” (кај Порта Влае) стана “Војвода Васил Чакаларов”.

Со оваа одлука поранешната улица “Мајка Тереза” се преименува во улица “Адолф Циборовски”, додека името “Мајка Тереза”го носи поранешниот булевар “Водњанска”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1