Компјутерот може да ни ги воспали тетивите


Неправилното држење на грбот при седењето доведува до неправилна положба на грбните мускули, односно прекумерно оптоварување на поединечни мускули

kompjuter bolestИако модерниот начин на живеење предвидува секојдневна работа на компјутер, ние не сме создадени за тоа. Долготрајното седење пред екранот може да предизвика сериозни заболувања, проследени со јаки болки и нарушен квалитет на живеење.

Ваквите заболувања настануваат како последица на повторувањето на движењата или принудената (неприродна) положба на телото. Едноставно, природата за нас не предвидела вакви активности, кои предизвикуваат последици. Најчесто тоа се болки во вратот и во грбот.

Болки од повторување на движењата

mouse7Сите движења во телото се случуваат со триење, а тоа може да го оштети ткивото. Во нормални околности, по завршувањето на движењето телото брзо се регенерира. Но при вакви услови многу почесто повторуваме исти движења и потребно е подолго време за регенерација и за закрепнување. Тоа поттикнува микроскопски оштетувања кои на крајот доведуваат до локално воспаление и до болка.

На ваквите нарушувања им се придава значење во поразвиените земји, па на секоја тастатура има соодветно предупредување. Инаку, на Запад заболувањата од овој вид најчесто се опишуваат со кратенката РСИ (RSI – Repetitive strain injury).

Најчесто заболување од повторување на движења е тендинитис, односно воспаление на тетивите.

rakaТетивата е цврсто ткиво во облик на врвка, преку кое мускулот се спојува со коската. Кога се повторува едно движење, воспалението настанува на местото каде што се допираат мускулот и коската. Бидејќи тетивата се наоѓа во сопствена обвивка, при движењето може да дојде и до нејзино воспаление. Тогаш станува збор за теносиновитис. Во однос на механизмот, симптоматологијата и начинот на лекување, нема важни разлики меѓу тендинитис и теносиновитис.

При работа на компјутер настануваат промени на тетивите меѓу прстите и дланката. Типичен пример за тоа е воспалението на тетивата на показалецот, што настанува при подолго користење на маусот. Заболувањето ќе се појави ако се користи маус што има несоодветен облик за корисникот и кога прстите се поставени во неприродна положба.

Болка и во мирување

Водечки симптом на тендинитисот е болка што се јавува на зафатениот дел и се зајакнува при движењата што го предизвикуваат воспалението. Кожата над тетивата може да биде зацрвенета и топла. Болката е понекогаш присутна и ноќе или кога раката мирува. Во посериозните случаи, движењата во кои учествува воспалената тетива може да бидат болни до таа мера што нема да може да сработите рутински работи како пишување, миење заби и слично.

kompjuterПоследици од работата на компјутер, основни ризици за настанување на тендинитис:
Лоша положба на телото/раката при работењето
Лоша техника на пишување на тастатура или на работа со маусот
Предолго користење компјутер
Одбегнување паузи во работното време
Нередовно вежбање, недостиг на физичка активност
Долгите нокти предизвикуваат неправилна положба на прстите
Седечки стил на живеење
Недоволно спиење
Други заболувања (дијабетес, ревматични заболувања)

Најмал товар има во лежечка положба. Во стоечка и во седечка е најголем, па предизвикува и одредени деформации. Проблемот е уште поголем ако при седењето неправилно се држи грбот, што е многу често кај луѓето. Тоа доведува до неправилна положба на грбните мускули, односно прекумерно оптоварување на поединечни мускули. Во посериозните случаи се развива миофацијален синдром. Негови основни карактеристики се болка, локална чувствителност на притисок, намалена сила на мускулите.

При работа на компјутер важна е и положбата на главата. Треба да е во исправена положба со ‘рбетниот столб. Секоја искривеност на главата при работата ги оптоварува вратните мускули, предизвикувајќи болка и миофацијален синдром кај посериозните случаи.

Како да се спречат болките?

Computer-Typing-300x2251Правилното седење е многу важно за да не настанат болки, кои понатаму може да развијат некое заболување. Нозете треба да бидат свиени под прав агол, а стапалата, со цела површина, да допираат на подот. Грбот мора да е правилно поставен, рамената и вратот опуштени, а главата исправена.

Пожелно е тастатурата да биде поставена на работното биро во правец над ципите, така што рацете ќе бидат во близина на телото. Лактите треба да бидат раширени под прав агол од 90 степени или повеќе. Маусот треба да биде поставен во иста линија со тастатурата. Мониторот не треба да биде поставен многу ниско за вратот да нема потреба да се искривува при работата.

Уште една поважна превентивна мерка е дозирањето на работата. Ова подразбира ритам на работа и пауза. При паузите се препорачува движење.

И, секако, треба да се внимава на правилната исхрана, редовен сон, рекреација, техника за справување со стресовите.

Povekje na – Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1