Почина еден од велешаните кои скокнаа од воз, откако го погрешија


Четириесет и четири годишниот М.А. од Велес утринава им подлегнал на повредите кои ги здоби откако пред два дена скокна од воз во Велес, дознава Курир. Велешанецот починал во Клиничкиот центар во Скопје, каде беше хоспитализиран по несреќата.

voz-udri-covek-213673479001367347932_thumb_medium490_0Оваа информација за Курир ја потврдија и од полицијата од каде велат дека биле информирани за смртта на велешанецот.

М.А. пред два дена со 21-годишниот К.М. на железничката станица во Велес се качиле во воз мислејќи дека ќе одат за Гевгелија.

Откако увиделе дека возот всушност сообраќа на релација Гевгелија-Скопје, скокнале од истиот кој бил во движење.

Со повреди од велешката болница, двајцата беа пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Kurir

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1