Прејадувањето е зависност како и кокаин и хероин


Во најновaта објавена студија, научниците од Scripps Research Institute за прв пат покажаа дека истите молекуларни механизми кои што допринесуваат за развој на зависност од дрога, лежат во позадината и на екстремното прејадување.

Се покажува дека и конзумирањето на брза храна (junk food) е исклучително тешко да се запре при што и тоа преминува во опсесија.

Испитувањето се спроведувало врз заморчиња, при што се покажало дека центрите на задоволство во мозокот стануваат се помалку и помалку толерантни, заморчињата се повеќе и повеќе развивале навики за прејадување со конзумирање на големи количини на храна со високи калории и маснотии. Истите промени во мозочните центри на заморчињата станувале и при конзумација на кокаин или хероин.

Чувството на задоволство при јадењето на висококалоричната храна докажано е дека е исто со она при зависноста од дрога, во основа телото се предава кон прејадување

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1