Болните чекале неколку часа – Дарлишта си правела коктел на клиника за 100 години од албанското знаме


Директорката на Службата за општи и заеднички работи на скопските Клиники Шкодране Дарлишта органиизирала коктел за прослава на 100 годишнината од албанската државност. Неколку часа клиниките биле блокирани со жолта лена, а обезбедувањето ги пропуштало само возилата на гостите на коктелот, пишува Вест.

 Болните и оние на кои им е потребна лекарска помош, денеска неколку часа не можеа да им пристапат на скопските Клиники, бидејќи директорката на Службата за општи и заеднички работи на скопските Клиники Шкодране Дарлишта органиизирала коктел за прослава на 100 годишнината од албанската државност. Вест пишува дека гостите доаѓале со возилата на кои се вееле албански знамиња. Меѓу нив бил и портпаролот на ДУИ, докторот Бујар Османи кој за весникот изјавил дека присуствувал како доктор, а не како член на ДУИ.
Вест не успеал да добие одговор од директорката Дарлишта, зошто Клиничкиот центар бил затворен и зошто болничкото обезбедување било ангажирано да ја обезбедува прославата.
Од Министерството за здравство за весникот изјавиле дека ќе ја разгледаат ситуацијата и доколку се покаже дела имало незаконско постапување, соодветно ќе реагираат

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1