Скопјанец вели дека пред некое време во неговата зграда во текот на 24 часа снемало струја трипати. Откако дошла струјата по последен пат, рерната повеќе не функционирала. Што во вакви случаи – дали имате право на обештетување за расипаните апарати?
Обесштетување од дистрибутивната компанија „ЕВН Македонија“ можат добијат граѓаните кои им се расипал некој од куќните електронски апарати, ако се утврди дека причина за расипувањето е прекинот со напојувањето со електрична енергија. ЕВН има служба која врши поправка на апарати кои прегореле по нивна грешка – слаб или висок напон на струја.
Според процедурата, треба да се поднесе барање до соодветниот кориснички центар на „ЕВН Македонија“, по што комисија излегува на увид, прави процена и изготвува соодветно решение и одговор. Во случај причина за штетата на апаратите да не е ЕВН, а корисниот да не е задоволен од наодот, правдата или докажувањето може да го побара на суд каде што одговара и ЕВН. Во случај да се потврди дека причинител е ЕВН, ако е можно апаратите се поправаат, односно се сервисираат, а ако не е можно се заменуваат или се враќаат парични средства во сума соодветна на штетата .
според член 37, став 2 од Правилата за снабдување со електрична енергија на тарифните потрошувачи на Регулаторната комисија за енергетика, тие имаат право на оштета доколку немаат струја повеќе од 9 часа, освен ако не станува збор за елементарна непогода или друга виша сила.