Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава против директорот на ЈП Паркинзи Центар и претседател на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ бидејќи ги попречувал полицајците при вршење на работа.
Богдановиќ пак во изјава за Фокус тврди дека бил тепан и приведен без причина.
Богдановиќ во 12.30 часот ќе даде изјава за медиумите за неговата веризја за приведувањето што се случи во петокот вечерта по завршуањето на кошаркарското дерби меѓу МЗТ и Работнички во спортската сала „Градски парк“ во Скопје.
Според информациите на МВР, соноќа околу 21.45 часот по завршувањето на натреварот пред влезот на салата, полициски службеници му рекле на дваесетгодишниот С.С. кој бил заедно со Богдановиќ, да се тргне од влезната врата на салата. Тој одбил и почнал да ги омаловажува полицајците и одбил да се легитимира.
Кога полицајците го приведувале пријателот на Богдановиќ, според МВР, тој ги попречил во вршењето на својата работа.
Потоа двајцата биле привеени во полициската станица Центар и по обавувањето на разговорот против двајцата е поднесена прекршочна пријава. Против пријателот на Богдановиќ за омаловажување на полициски службеници, а против Богдановиќ за спротивно постапување по наредба на полициските службеници.
Богдановиќ пак во изјава за медимите, синоќа тврдеше дека инцидентот се случил кога се обидел да им пристапи на играчите и да се ракува со нив.
„Во тој момент, полицијата почна да ги турка луѓето, а јас ги прашав зошто. Тогаш, полицијата ме извлече, ме легна и ме истепа. После тоа, ме однесоа во полициска станица и веќе извесно време никој не ми кажува зошто сум приведен. Не знам дали ќе ми поднесат некоја пријава и за што, но јас после ќе одам на преглед и ќе извадам лекарска документација за повредите“, изјави Богдановиќ.
Од МВР велат дека доколку приведените сметаат дека полицајците постапиле спротивно на нивните надлежности, случајот да го пријават во Секторот за внатрешна контрола при МВР.
Кошаркарскиот напревар заврши со резултат 83:82, однсно со победа на клубот од скопската населба Аеродром.