Преку телефон слушал како му ја убиваат сопругата, беспомошен да реагира!


Трагедија во Британија. Никола Крос (37) била нападната и убиена од натрапник.

Кога тој влегол во нејзината куќа таа му се јавила на сопругот Дени Крос. Линијата била отворена додека се одвивал нападот и додека убиецот ја бодел несреќната жена со нож. Сопругот слушнал се, но не можел ништо да стори!nik500

Полјакот Марцин Порцзински (25) во понеделникот утрото влегол во раскошната куќа на Никола и Дени во Хертфордшир и ја нападнал жената додека нејзините деца на возраст од 6 и 3 години спиеле.

Таа претходно го забележала пред куќата и повикала полиција, а истото го сториле и соседи кога забележале дека натрапник влегува во домот на Никола. Но, полицијата пристигнала предоцна.

Натрапникот ја нападнал жената и ја избодел до смрт, а сето тоа преку телефон го слушал нејзиниот сопруг кому таа претходно му се јавила.1nik500

– Ден слушнал се преку телефон. Тој беше на работа. ќе го памти повикот цел живот, ќе знае дека бил предалеку во клучниот момент, беспомошен да стори нешто да ја спаси својата сопруга – вели негов сосед.

Порцзински е уапсен и обвинет за убиство и за киднапирање на двете деца – го нашле во дворот на куќата како стои со децата.

Раскошната куќа на семејството Крос била ограбена летово додека тие биле на двонеделен одмор во Мајорка. Ќе се истражува дали полицијата пропуштила побргу да реагира и да го спречи убиството на Никола.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1