Премиерот Заев слави роденден


Премиерот Зоран Заев денеска слави роденден и полни 45. години.

Зоран Заев е роден 8 октомври 1974 во Струмица. Заев по професија е бизнисмен и политичар, а во периодот 2005–2016 бил градоначалник на општина Струмица. Пред да влезе во политиката тој се занимавал со приватен бизнис во родниот крај.

Заев претрпелнеуспех на парламентарните избори во 2014 по што обвинил за изборна местенка и решил неговата партија да дејствува како вонпарламентарна опозиција. Во 2015 објавуваше нелегално стекнати телефонски разговори на високи владини функционери кои содржеле индиции за организиран криминал.

Истата година го потпишува Пржинскиот договор кој предвидувал техничка влада за организирање на предвремени парламентарни избори во 2016.

Во средината на декември 2018 година Заев заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас беше оминиран за Нобеловата награда за мир за 2019.

Заев е оженет со Зорица Заева со која има две деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1