Британскиот премиер, Дејвид Камерон, не престанувал да зборува за време на дебатата за грабнувањето на ученичките во Нигерија, па водителот одлучил да го замолчи на малку невообичаен начин.
“Премиеру, се плашам дека ќе мора да си ја затнете устата. Многу ми е жал, но вашето време истече”, со овие зборови водителот на Би-би-си Ендру Мар го замолчил Дејвид Камерон во текот на својата емисија.
Мар се решил да постапи вака оти поинаку не му успевало да го сопре премиерот за време на дебатата со повеќе учесници.
Камерон не бил воопшто изненаден, но послушал, замолчил и само се извинил што претерал со зборување, пишува “Индепендент”.