„Преминете во ислам или умрете: Заканувачки графити во Шведска


Во вторникот шведскиот Асирец Маркус Самуелсон бил шокиран откако ги видел ѕидовите на својот ресторан покриени со џихадистички графити, меѓу кои и пораките „Премини или умри“ и „Калифатот е тука“.

isis2

Истите пораки заедно со логото на ИСИС биле напишани со боја и на ѕидовите на една пекарница, како и на пицеријата до неа, иако другите ресторани чии сопственици не се Асирци биле нечепнати.

„Ме полазија морници по ‘рбетот. Болката е голема, ние се чувствуваме загрозено“, рекол Самуелсон, кој е еден од трите илјади Асирци што живеат во Гетеборг.

Според локалните медиуми, полицијата го истражува случајот, но засега нема најдено ништо.

Гетеборг е гнездо на џихадистичкото регрутирање, а најмалку 150 негови жители годинава заминале да ѝ се приклучат на ИСИС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1